• вторник, 05 ноември 2024

Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

Тел Авив, 27 септември 2024 (МИА)  - Израел ги споделува целите на иницијативата предводена од САД за прекин на огнот во Либан, соопштија денеска од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Израел ги споделува целите на иницијативата предводена од САД да им овозможи на луѓето долж нашата северна граница безбедно и сигурно да се вратат во своите домови“, се наведува во соопштението од Кабинетот, додавајќи дека Израел ги цени американските напори, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелските и американските тимови се состануваат за да разговараат за иницијативата на САД за прекин на огнот во Либан и начините за постигнување на заедничката цел за безбедно враќање на луѓето во нивните домови, а тие разговори ќе продолжат во наредните денови, се наведува во соопштението.

Претходно неделава, се додава од кабинетот на Нетанјаху, САД ја споделија со Израел својата намера, заедно со другите меѓународни и регионални партнери, да предложат прекин на огнот во Либан.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан