• петок, 22 ноември 2024

Нетанјаху го отфрли предлогот на шефот на Мосад за можен договор во Газа

Нетанјаху го отфрли предлогот на шефот на Мосад за можен договор во Газа

Ерусалим, 29 март 2024 (МИА) - Израелската телевизија Канал 12 објави дека шефот на Мосад, Дејвид Барни, предложил можност за договор за размена на затвореници со Хамас, но премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрлил.

Телевизијата, повикувајќи се на неименувани приватни извори, објави дека Барни рекол дека верува во можноста за постигнување договор, но дека Нетанјаху се спротивставил на презентираните детали.

Деталите од договорот за кој Барни верува дека може да биде потпишан вклучуваат ослободување на 40 израелски затвореници и враќање на жителите од северна Газа во нивните домови без никакви други услови.

Како што наведува телевизијата, премиерот Нетанјаху смета дека договорот е „слаб“ за Израел и наложил да се подготват за окупација на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Според истиот извор, членовите на израелскиот воен кабинет Бени Ганц и Гади Ајзенкот го поддржале ставот на Барнеа, но тоа не го спречило Нетанјаху да се спротивстави и да го отфрли договорот.

Израелска делегација, предводена од директорот на Мосад, Дејвид Барни, отпатува во Доха, главниот град на Катар, на 18 март на нова рунда преговори за ослободување на затворениците во Газа.

Израелските медиуми објавија дека официјално започнале преговорите за размена на заробеници меѓу Хамас и Тел Авив, а во Доха пристигна израелска делегација предводена од директорот на Мосад. Во вестите на израелската телевизија Канал 12 беше наведено дека преговорите би можеле да траат околу две недели. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан