• четврток, 14 ноември 2024

Нетанајху на средбата со Блинкен: Одиме во Рафа, со или без ваша поддршка

Нетанајху на средбата со Блинкен: Одиме во Рафа, со или без ваша поддршка

Тел Авив, 22 март 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека останува решен да испрати војници во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште, додавајќи дека, доколку е потребно, тоа ќе го стори и без американската поддршка.

Во разговорот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен израелскиот премиер кажа дека нема начин да се победи исламистичкото движење Хамас без да влезе во Рафа. 

-Ми кажав дека се надевам дека ќе го направиме тоа со поддршка на САД, но ако треба - ќе го направиме тоа и сами, рече Нетанјаху. 

Блинкен пристигна во Израел како дел од интензивните дипломатски напори во текот не неговата нова турнеја низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и непосреден прекин на огнот“ во Газа и да се спречи израелска офанзива во Рафа, пренесуваат британските медиуми.

САД се противат на офанзивата, но Израел тврди дека е неопходна за да се искорени Хамас. сд/

фото:Влада на Израел

Остани поврзан