• понеделник, 23 декември 2024

Несторовска се сретна со претставникот на УНХЦР во земјава Габриел Гуалано Де Годој

Несторовска се сретна со претставникот на УНХЦР во земјава Габриел Гуалано Де Годој

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска денеска оствари протоколарна средба со новоназначениот претставник на УНХЦР во земјава Габриел Гуалано Де Годој.

На средбата, како што соопшти МВР, од двајцата соговорници беше истакната исклучителната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и УНХЦР, за што беше изразена заемна благодарност и признание.

Несторовска и Гуалано Де Годој, како што се наведува, потенцираа некои поважни моменти од соработката во изминатиот неколкугодишен период и заеднички постигнатите резултати, беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можните идни чекори во однос на натамошната соработка.

Несторовска изрази заложби и отвореност за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР, особено во однос на заштитата на бегалците и искоренување на појавата на бездржавјанството.

Во однос на досега постигнатото, Гуалано Де Годој ги пренесе благодарноста, но и како што посочи, и признанието од Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации Гранди дека Северна Македонија се цени како лидер, не само во регионот туку и во светски рамки. Изрази отвореност за натамошна поддршка од УНХЦР за прашања од заемен интерес. мд/аа/

Фото: МВР 

 

 

Остани поврзан