• четврток, 11 јули 2024

Нерешено на дербито Мулти Есенс – Нов Напредок во петтото коло на Втората шаховска лига на Македонија

Нерешено на дербито Мулти Есенс – Нов Напредок во петтото коло на Втората шаховска лига на Македонија

Струга, 11 јули 2024 (МИА) - Во Струга се одигруваат мечевите од Втората шаховска лига на Македонија, при што вчера се одиграа партиите од петтото коло. Во дербито меѓу Нов напредок од Штип и Мулти Есенс од Скопје немаше победник (3:3) па двете екипи останаа на иста разлика на врвот на табелата.

Капитенот на Мулти Есенс, велемајсторот Трајко Недев е задоволен од изданијата на неговите избраници.

- Се покажа дека имаме добар основен состав и дека странските играчи како засилувања одлично се вклопија. Во глобала сум задоволен од прикажаната игра бидејќи настојуваме да играме борбено, без калкулации, со јасна цел. Ќе биде клучно да се задржи свежината до крајот. Во претпоследното коло нѐ очекува меч со директен конкурент, екипата на Кочани, па очекувам токму таа свежина да одлучи, изјави Недев.

Нов напредок е лидер на табелата со 9 бодови, втор е Мулти Есенс со 8 бода, Шкендија е трета исто така со 8 бода.

Денес на програмата се шестото и седмото коло. зс/

Остани поврзан