• петок, 17 мај 2024

Необичен протест на млади во Тирана, упаднаа во Парламентот барајќи право на глас за дијаспората

Необичен протест на млади во Тирана, упаднаа во Парламентот барајќи право на глас за дијаспората

Тирана, 2 мај 2024 (МИА) - Необичен протест се одржа денеска во албанскиот Парламент, каде група млади луѓе упаднаа за да ја изразат својата поддршка за иселениците од албанската дијаспора да имаат право на глас на следните избори во земјата, објави Еуроњуз Албанија.

Тие, како што пренесуваат медиумите, се качиле на една од терасите во пленарната сала на Парламентот, од каде фрлале летоци кон пратениците држејќи  транспарент со натпис „Сакам да гласам во 2025 година“.

Тие истакнаа дека власта ја прекршува одлуката на Уставниот суд што им даде рок од една година да го решат прашањето за гласањето на дијаспората на изборите во 2025 година, кога се очекува да се одржат редовни парламентарни избори.

Во изјава за медиумите, младите додаваат дека се активисти кои сакаат да го информираат јавното мислење и владејачкото мнозинство за гласањето на дијаспората. вт/рп/

 

 

 

Остани поврзан