• недела, 22 декември 2024

Нема салмонела во мострите од храната во кујната во градинката „23 Август“ во Берово

Нема салмонела во мострите од храната во кујната во градинката „23 Август“ во Берово

Берово, 6 февруари 2023 (МИА) - Резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна од кујната во детската градинка „23 Август“ во Берово покажуваат оти кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела.  

Во известувањето кое градинката го доби од Центарот за јавно здравје во Кочани кај сите земените мостри од десет видови на храна во градинката, не е пронајдено присуство на бактеријата салмонела.

-Претходно, како што знаете негативни беа резултатите за присуство на саломенела и во примероците земени од површините каде се подготвува храна, а нема утврдено присуство на бактеријата ниту кај самите вработени, соопштија од градинката „23 Август“.

Оттаму посочија дека во насока на поголема сигурност за работата на установата од Центарот за јавно здравје, претходно се дадени препораки за дезинфекција и поголема хигиена во градинката.

Досега беа пронајдени примероци на бактеријата салмонела кај 11 дечиња кои беа згрижени во установата, поради што кујната во градинката беше затворена.

За причините од каде се појавила бактеријата во установата ќе се дискутира на Совет на родители, како и на следната седница на Совет на Општина Берово. вс/мд/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан