• среда, 06 ноември 2024

Неколку часа пред мини карантинот, забава во ноќен клуб во Солун  

Неколку часа пред мини карантинот, забава во ноќен клуб во Солун   
Атина, 30 октомври 2020 (МИА) – Без маски, без дистанца, млади Солунчани доцна синоќа се забавуваа во ноќен клуб или како што напишаа самите, споделувајќи видеа на социјалните мрежи, „последно излегување пред карантинот“, јави дописничката на МИА од Атина. И покрај тоа што во Грција веќе извесно време постои забрана за стоење во кафулињата и клубовите кои затвораат на полноќ, од објавените видеа, се гледа дека оваа мерка воопшто не се почитува, а младите се забавуваат како да не постои коронавирусот, што е особено раширен токму во Солун. Поради зголемениот број заразени со коронавирусот, Солун од утрово е во мини карантин. Во текот на вчерашниот ден, мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, преку брзите тестови, спроведoa 3.402 бесплатни тестирања во центарот на Солун. Позитивни се 252 од резултатите, односно 7,4 отсто од направените тестови, а просечната возраст е 32 години. ср/гт/

Остани поврзан