• петок, 05 декември 2025

Недостигот на паркинг простор во Куманово ќе се решава етапно

Недостигот на паркинг простор во Куманово ќе се решава етапно

Куманово, 17 јули 2025 (МИА) - Недостигот со паркинг простор во Куманово ќе се решава со изградба на паркинг места во поширокото централно градско подрачје и по населбите, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Наскоро, откако ќе заврши изработката на проектот ќе биде пуштена зоната „Б“ кај основното училиште „Бајрам Шабани“.

- Граѓаните бараа да се воспостави „Б“ зона на овој дел од градот. Кај „Октомвриска револуција“ исто така беше планирана и требаше да се наплаќа пет денари од ден, но немаше волја кај граѓаните. Дел од граѓаните пак од населбите бараат она што е недозволиво да се поплочат одредени зелени парчиња, рече Димитриевски.

Зонското паркирање треба да овозможи повеќе паркинг места и да го намали метежот во градот.

- Размислувавме и за катни гаражи. Двете опции беа во централно градско подрачје, но немаше интерес од граѓаните. Се обидуваме на секој начин да го намалиме метежот и преку отстранување на хаварисаните возила, рече Димитриевски.

Едната е на локацијата позната кај кумановци како „старо хемиско чистење“, тука како што рече Димитриевски ќе мора да се отстранат времените објекти и да е поплочи просторот.

- Општината не е во финансиска кондиција тоа да го реши, но затоа побаравме од сектор за инспекциски надзор да ги дислоцира тие времени објекти како би можеле да го поплочиле тој простор тука да се користи како дополнителен капацитет за паркирање и исто така имаме реконструкција на постоечки во програмата во населба „Гоце Делчев“, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник најави дека во процедура е и враќање на паркинг просторот кај „Чоробенско ќоше“, простор кој своевремено претпријатието за стопансување на станбен и деловен простор го дало на стопанисување на приватен субјект.

- Иако, е државно земјиште и општината имала предност и ќе се стопанисува до средина на наредната година по истек на тој договор ќе биде преземен и ставен под владение на јавно претпријатие „Куманово паркинг“ и други локации. Побараме интервенција од МВР за затворање на сите диви паркинзи на територија на општина Куманово, којшто ги имаа истите ако сакаат да вршат дејност треба само да потпишат договор со јавното претпријатие и да се договорат заемно за условите за давање на услуга паркингот, рече Димитриевски. ам/дма


Фото: МИА

Остани поврзан