• вторник, 30 април 2024

Неделна акција за собирање смет во националниот парк Шар Планина

Неделна акција за собирање смет во националниот парк Шар Планина

Тетово, 7 мај 2023 (МИА) - Во организација на Националниот парк Шар Планина и планинарскиот клуб Тетово денеска се спроведе акција за собирање расфрлен отпад во потегот од село Бозовце до Гајрина. Од националниот парк информираат дека и утре продолжуваат ваквите активности, на патот Тетово-Попова Шапка.

-Масовноста ни покажа како Шар Планина се сака со дела. Продолжуваме со акцијата за собирање на сметот по патот од Попова Шапка кон Тетово утре. Дополнителен пар раце и добра желба се секогаш добредојдени, се гледаме во 9:30 на паркингот кај жичарата во Тетово, соопштија од НП Шар Планина,

Собирањето на отпадот го организираат вработените на јавната установа Национален парк Шар Планина, а најавено е учество на вработените на ЕЛЕМ ТУРС, студенти од Универзитетот во Тетово , волонтери и поддршка од ЈКП Тетово.ас/лв/
фото НП Шар Планина 

Остани поврзан