• недела, 12 мај 2024

Недановски: Подготвени сме за победа над Војводина

Недановски: Подготвени сме за победа над Војводина

Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 в четврток во Скопје го пречекува српскиот првак Војводина во рамки на првиот натпревар од четвртфиналето во регионалната СЕХА лига.

 

Дуелот доаѓа по сензационалниот пораз на „црвено-црните“ во македонското првенство од Алкалоид, но тренерот на Вардар 1961, Владо Недановски, истакна на денешната прес – конференција дека неговиот тим веќе оваа недела ќе се врати во победнички ритам.

 

- Ни претстои важен натпревар за нас. Се подготвуваме за Војводина, а и не размислуваме за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Атмосферата по последниот пораз во домашното првенство малку е поинаква, но до четврток ќе успееме да се вратиме на старите победнички патеки, изјави Недановски.

 

Вардаровиот стратег посочи дека Војводина игра квалитетен ракомет и неговите ракометари ќе мораат да дадат максимум за да дојдат до успех.

 

-Играат модерен ракомет, брзо, со многу трчање, а имаат и цврста одбрана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што прво играш на домашен терен, бидејќи ќе го знаеме исходот, но, сепак, се играат 120 минути“, рече Недановски. ег/свс/

 

 ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан