• четврток, 12 јуни 2025

Франк ќе го наследи Постекоглу на тренерското место во Тотенхем

Франк ќе го наследи Постекоглу на тренерското место во Тотенхем

Лондон, 10 јуни 2025 (МИА) - Данецот Томас Франк ќе стане главен тренер на Тотенхем, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на своите социјални мрежи.

Педесет и едногодишниот фудбалски стручњак е на чело на Брентфорд од 2018 година. Како што забележува изворот, раководството на Брентфорд се согласи да го пушти Френк во Тотенхем за околу 12 милиони евра.

На 6 јуни лондонскиот клуб го објави разрешувањето на Анже Постекоглу од функцијата главен тренер на тимот, под чие водство Спарс минатата сезона ја освоија Лигата на Европа, за нив прв трофеј по 2008 година.

Во англиската Премиер лига Тотенхем разочара со 17. и освоени 38 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан