• четврток, 04 декември 2025

Челзи одби да плати 100 милиони евра за Екитике

Челзи одби да плати 100 милиони евра за Екитике

Лондон, 10 јуни 2025 (МИА) - Трансферот на напаѓачот на Ајнтрахт, Хуго Екитике во Челзи е во опасност да пропадне.

Според „Sky Germany“, англискиот клуб одбил да плати 100 милиони евра за 21-годишниот Французин. 

Ваков развој на настаните би можел да го искористи Ливерпул, кој исто така е заинтересиран за трансферот на Екитике.

Минатата сезона напаѓачот постигна 22 гола и направи 12 асистенции на 48 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Ајнтрахт е до 30 јуни 2029 година. 

„Transfermarkt“ ја проценува пазарната вредноста на Екитике на 75 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан