• вторник, 16 јули 2024

Неготинец со возило удрил во пешак и тешко го повредил, па настанала физичка пресметка

Неготинец со возило удрил во пешак и тешко го повредил, па настанала физичка пресметка
Неготино, 5 октомври 2021 (МИА) - Синоќа  во 19:45 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од Неготино. Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив. Во несреќата В.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
 По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.свд/

Остани поврзан