• петок, 28 јуни 2024

Невреме во Скопје, дрво падна врз автомобил во движење

Невреме во Скопје, дрво падна врз автомобил во движење

Скопје, 1 јули 2023 (МИА) - Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје. При првиот налет на невремето паднаа и дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, информираат од Центарот за управување со кризи.

- Едно од дрвјата во населба „Мичурин“ во Аеродром, падна врз автомобили и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење, појаснуваат од ЦУК.

Како што соопшти УХМР, нестабилно време нѐ очекува и во текот на утрешниот ден. бд/

Фото: ЦУК

Остани поврзан