• сабота, 29 јуни 2024

Невил: Јунајтед нема шанси за титула со Линделоф и Мегваер

Невил: Јунајтед нема шанси за титула со Линделоф и Мегваер
Манчестер, 20 септември 2020 (МИА) - Екипата на Манчестер Јунајтед нема да освои титула во Премиер лигата со Виктор Линделоф и Хари Мегваер како централни дефанзивци, категоричен е поранешниот фудбалер на тимот и аналитичар на „Скај Спортс“, Гери Невил. Сезоната за „црвените ѓаволи“ започна со пораз од 1:3 против Кристал Палас на домашен терен. Последната година се пишуваше многу за можниот трансфер на напаѓачот Џејден Санчо од Борусија (Дортмунд), но според Невил, проблемите се кријат во друга област. - Можеме да зборуваме за Санчо цел ден, но Јунајтед нема да ја освои титулата се додека не најде подвижен централен дефанзивец кој може да го запре противникот еден на еден. Никогаш нема да ја освојат Премиер лигата со овој пар. Потребна им е подвижна, доминантна фигура за да игра покрај еден од двајцата. Со години сме виделе дека во успешните партнерства мора да се биде брз и да се намириса опасноста пред тоа да се случи. Линделоф и Мегваер не знаат како да го направат тоа, изјави 8-кратниот шампион за „Скај Спортс“.

Тагови

Остани поврзан