• четврток, 26 март 2026

На штипскиот плоштад „Слобода“ искршени фотографиите од загинатите штипјани во кочанската дискотека

На штипскиот плоштад „Слобода“ искршени фотографиите од загинатите штипјани во кочанската дискотека

Штип, 19 мај 2025 (МИА) – Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката, кои беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Фотографиите до редакцијата на МИА ги доставија роднини на починатите, кои утринава го забележале вандализмот од страна на непознати сторители.  

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски. Нивните фотографии беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ на 16 март, кога се случи трагедијата во која животите ги загубија 62 лица. вдј

Фото: МИА 

Остани поврзан