• четврток, 25 април 2024

На Шапка најстудено, во Гевгелија најтопло

На Шапка најстудено, во Гевгелија најтопло

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - На Попова Шапка утрово се измерени - 7 степени целзиусови, во Гевгелија седум.

Според информациите од УХМР, утрово -5 степени се измерени во Маврови Анови, -4 Битола, Охрид, Претор и Крушево, -2 Прилеп, Тетово, 0 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец и Берово, 2 степени во Куманово и Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Штип, Велес и Кавадарци, 5 Струмица и Дојран и 6 степени во Демир Капија. 

Во текот на ноќта преовладуваше ведро и студено време со мала облачност, а во источните делови локално имаше зголемена облачност. На североистокот провејуваше слаб снег. Преку целата ноќ се задржа ветровито, особено долж Повардарието, каде дуваше засилен северен ветер.

- Утрово во поголем дел од земјава е ведро и студено, а во источните делови има умерена до значителна облачност. Дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. цр/

Фото:МИА архива

Остани поврзан