• вторник, 30 април 2024

На територија на цела држава казнети 715 возачи за брзо возење

На територија на цела држава казнети 715 возачи за брзо возење

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија во рамки на акцијата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 715 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан