• недела, 24 ноември 2024

На територија на СВР Битола изречени 87 казни за брзо возење 

На територија на СВР Битола изречени 87 казни за брзо возење 

Скопје, 30 март 2023 (МИА) - На територијата на СВР Битола денеска во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање  возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 87.

Од нив, информираа од МВР, 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 35 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. цр/лв/

Фото:МИА

Остани поврзан