• петок, 22 ноември 2024

На територија на СВР Битола изречени 23 санкции за непрописно престигнување

На територија на СВР Битола изречени 23 санкции за непрописно престигнување
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување на територија на СВР Битола спроведена во текот на денешниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот констатирани се и законски санкционирани 23 прекршоци. Како што информира МВР, за време на контролата биле санкционирани и 18 други видови прекршоци. - Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан