На територијата на СВР Битола санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол
- Вкупно 17 возачи од кои 12 во Битола, четири во Прилеп и еден во Ресен се казанети во засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот беше спрведена на територија на СВР Битола.
Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Вкупно 17 возачи од кои 12 во Битола, четири во Прилеп и еден во Ресен се казанети во засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот беше спрведена на територија на СВР Битола.
При тоа, како што информира МВР, биле откриени и девет останати прекршоци.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.вј/
Фото: МИА архива