• петок, 05 декември 2025

На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека 40 минути

На Табановце зголемена фреквенција на возила,  се чека 40 минути

Скопје, 13 јули 2025 (МИА) - На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возилa, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти утрово Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан