На мостот кај Башино село ќе дозволи движење по една лента во средината
- Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) вечерва соопшти дека врз основа на Одобрение за времена измена на режимот на сообраќај за време на санацијата на мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312 делница: Башино село – Велес, ќе го стави во времен режим на сообраќај. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно со изготвениот Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема на патот, а движењето на сообраќајот ќе биде регулирано со светлосна сигнализација по една сообраќајна лента по средината на мостот.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.