• петок, 05 декември 2025

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Дебар, 28 февруари 2025 (МИА) - Дебарската каратистка Сара Дука, донесе бронзен медал за македонската репрезентација, на Балканското првенство што се одржува во Будва.

- Сара Дука освои бронзен медал на Балканско првенство за сениори во Будва, Црна Гора. Многу горд на овој резултат. По многу труд и пожртвуваност успеавме да го донесеме првиот балкански медал во сениорска категорија, објави на Фејсбук Дурим Пачуку, тренер на карате клубот "Дибра" и тренер на македонската репрезентација.

Тој посакува и се надева на уште добри резултати на македонските каратисти. 

Балканското првенство почна денес и ќе трае до недела. вт/вг/

Фото: Пачуку ФБ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан