• недела, 22 декември 2024

На Лев му се допадна играта на германската репрезентација на средбата со Украина

На Лев му се допадна играта на германската репрезентација на средбата со Украина
Лајпциг, 15 ноември 2020 (МИА) - После натпреварот во Лигата на нации со Украина (3:1), селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев ги пофали своите избраници за прикажаното издание. - Играта беше исклучително интензивна, во исто време многу интересна. Знаевме дека Украина игра одлично на контранапади. Имаат играчи кои одлично ги користат слободните зони. Ним недостигаа неколку играчи, но имаат 15-16 играчи со многу добри квалитети. Мислам дека одигравме добро во првото полувреме, бевме многу енергични, постигнавме два гола. Ми се допадна содржината на играта, но има уште работа да се направи. Во споредба со мечот во Киев, денес игравме поинтензивно, комбинирано повеќе. Забележливо беше дека Украинците имаа проблеми со нашите напади, изјави Лев. Следниот натпревар на Германците е на 17 ноември против Шпанија на гостински терен. зс/

Остани поврзан