• петок, 26 април 2024

Во нападот врз воениот аеродром на Крим оштетени четири руски лансири за ракети, радарски станици и авиони

Во нападот врз воениот аеродром на Крим оштетени четири руски лансири за ракети, радарски станици и авиони

Киев, 18 април 2024 (МИА) - Во вчерашниот украински напад на воениот аеродром на Крим сериозно се оштетени четири руски ракетни фрлачи, три радарски станици и друга опрема, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција.

Четири ракетни фрлачи земја-воздух С-400 и контролен пункт за воздушна одбрана стациониран во воздухопловната база Џанкој се меѓу опремата „уништена или критично оштетена“, објави агенцијата на Телеграм.

Агенцијата додава дека во нападот биле уништени или оштетени и голем број авиони. На неколку налози на каналот Телеграм вчера се појавија информации за силна експлозија во Џанкој. 

Украинската агенција не даде информации за тоа какви средства се употребени за нападот, кој го опиша како „успешен“.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски претходно и се заблагодари на армијата „за прецизноста“ во ангажирањето во операцијата. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан