На „иБеј“ ќе може да се купува со крипто валути
- Американската платформа за интернет трговија „иБеј“ (eBay) е отворена за можноста за прифаќање на крипто валути како средство за плаќање во иднина, објави компанијата
Вашингтон, 4 мај 2021 (МИА) - Американската платформа за интернет трговија „иБеј“ (eBay) е отворена за можноста за прифаќање на крипто валути како средство за плаќање во иднина, објави компанијата.
- Ние секогаш ги разгледуваме најрелевантните форми на плаќање и ќе продолжиме да даваме такви проценки и во иднина. Немаме непосредни планови, но тоа е (криптовалути) нешто што внимателно ќе го разгледаме", се наведува во соопштението од „иБеј“.
Извршниот директор на „иБеј“, Џејми Ијаноне во интервју за Си-Ен-Би-Си истакна дека се разгледува опцијата прифаќање на виртуелни валути.
Во соопштението на „иБеј“ се додава дека се разгледува „бројни опции“ за влез во просторот на незаменливите токени (NFT). НФТ токенот не може директно да се разменува за традиционална валута. За разлика од другите криптовалути, секој НФТ е единствен. ми/