• сабота, 21 декември 2024
На денешен ден
17 јануари 2020 (МИА) 395.- Умрел византискиот (римски) цар Теодосиј Први, наречен Теодосие Велики, кој владеел од 379 до 392 година, кога успеал да го обнови Царството во целосен обем. До смртта владеел со Рим како последен владетел на единствената империја. 1377.- Папата Григур Единаесетти од Авињон го вратил средиштето на римокатоличките поглавари во Рим. 1601.- Шпанската престолнина од Мадрид била пренесена во Ваљадолид. 1706.- Во Бостон е роден Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат, работник, печатар, филозоф и државник, кој најмногу останал запаметен како пронаоѓач на громобранот. Умрел во Филаделфија, на 17 април 1790 година. 1773.- Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го преминал Антарктичкиот круг. 1820.- Родена е англиската писателка од ирско потекло Ана Бронте, најмладата од трите сестри писателки. Дела: романите „Агнес Греј“, „Станарката Вајлдфел Хол“. 1863.- Роден е Константин Сергеевич Алексеев, познат како Станиславски, руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмирал сценскиот реализам. Своите сфаќања, проверени низ практичната работа ги изложил во делата "Мојот живот во уметноста" и "Работата на актерот над себе". Умре на 7 август 1938 година. 1863.- Роден е англискиот државник Дејвид Лојд Џорџ, кој бил неколку пати премиер на Велика Британија. Меѓу 1906 и 1911 година го втемелил англиското работничко законодавство: осумчасовна работа за потешките работи, системот на панзија, помош во случај на болест, повреди на работа и невработеност. Во надворешната политика значитело ги бранел интересите на британската империја и се залагал за силно ангажирање на европскиот контитнент во Првата светска војна, вклучувајќи го и отворањето на сојузничкиот фронт на Балканот. Бил еден од главните учесници на мировната конференција во Версај и значително влијаел на приликите во повоена Европа. Напишал мемоари „Дваесет и пет години“, во кои го опфатил периодот од 1892 до 1916 година. 1912.- Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигнала на Јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Руал Амундсен. Скот и преостанатите четворица членови на експедицијата умреле од глад и студ при враќањето од Јужниот пол. 1919.- Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, станал првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна. Успеал да го убеди претседателот на САД Вудро Вилсон во својот план од „14 точки“, кој станал основа на Версајскиот мировен договор, да ја внесе одредбата за независност на Полска. 1939.- Со учество на многу жандарми и војници во Велес биле задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време. 1942.- Роден е американскиот боксер од африканско потекло Касијус Клеј, познат како Мухамед Али. Клеј е единствениот боксер кој трипати ја освои титулата светски првак во тешка категорија. 1945.- Црвената армија во Втората светска војна ја ослободила Варшава, која била повеќе од пет години под германска окупација. 1946.- Роден е Мето Јовановски - македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип. Се реализирал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. За театрската актива носител е на бројни македонски и меѓународни врвни награди. Позабележителсни филмски улоги во: „Трето полувреме“, „Големата вода“,„Пред дождот“, „Среќна Нова`49“, „Трговецот од Солун“, „Црвениот коњ“, „Време води“, „Најдолгиот пат“, т-в серијата „Опстанок“. 1948.- ВО Скопје почнало да функционира Претпријатието за градски сообраќај. Претпријатието е формирано со одлука на Извршниот народен одбор на Скопје, на 11 јули 1947 година. 1953.- Во Скопје излегол првиот број на "Стопански весник", весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија. Во почетокот се појави како орган на Трговската угостителска комора на НР Македонија. Од 1983 година излегувал како ревија која стручно и аналитички ја третира стопанската проблематика во Македонија и светот. Од 1984 година се појавува со поднасловот: Ревија на Стопанската комора на Македонија. 1964.- Роден е Рефет Абази, македонски актер и педагог од албанско потекло. Во 1989 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Уште како студент бил ангажиран во многу тетарски, телевизиски и филмски проекти. Во својата актерска кариера исполнил голем број значајни тетарски улоги за националните театри, како и за многу независни и меѓународни проекти. За своите актерски остварувања е наградуван на многу фестивали во земјата и во странство. Од 1999 работи како професор по актерска игра на ФДУ, Скопје.   1966.- Во Штип е роден Љубчо Георгиевски,  претседател на ВМРО-Народна партија. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година и првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија. Еден од ретките современи македонски политичари со визионерски идеи. Во јуни 2012 година ја објавил својата автобиографска книга „Тоа сум јас“, во која говори за својот личен живот и политичка кариера. 1986.- Во Скопје умрел Станко Липша, оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог. Дебитирал со ликот на Ескамилио во "Кармен", а последен пат на сцената настапил како Амонасро во "Аида". Речиси нема оперски пејач кој бил или е член на Операта при МНТ кој не поминал низ "студиото" на Липша. Роден бил во Бакар, кај Задар, во Хрватска, на 13 ноември 1915 година. 1991.- Американското воздухопловство и западните сојузници во Заливската војна во операцијата „Пустинска луња“ ги извеле вториот и третиот бран на масовно бомбардирање на цели во Ирак и Кувајт кои биле под окупација на ирачката армија. 1995.- Во земјотресот кој зафатил пошироко подрачје на јапонскиот град Кобе загинале повеќе од 6.400 луѓе, а материјалната штета била проценета на 85,5 милијарди долари. 1996.- Во Скопје и во Атина биле отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција. 1997.- Во Даблин судот го прогласил првиот развод на брак во историјата на Ирска врз основа на законот одобрен на референдум, на што жестоко се противела црквата (католичка). 1997.- Умрел проф. Славко Поп Антовски, еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје и негов прв декан. Роден бил во Прилеп, во 1913 година. 1998.- Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, бил принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинување за сексуално вознемирување. 2001.- Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излегол првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик. 2002.- Умрел шпанскиот писател Камило Хосе Села, добитник на Нобеловата награда за литература во 1989 година. Напишал околу 70 книги, вклучувајќи ги и романите „Семејството Паскал Дуарте“, „Кошничка“, „Тајниот речник“ и други. 2005.- Во старечки дом во предградие на Лос Анѓелес, умрела Вирџинија Мајо, холивудска актерка, ѕвезда на голем број филмови од четириесеттите години на 20. век. Родена била во Сент Луис, во 1920 година. 2007.- Умрел американскиот сатиричар Артур - Арт Бухвалд, добитник на Пулицеровата награда во 1982 година. Кариерата ја изградил во Париз, пишувајќи ја првата колумна за европското издание на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Од 1962 година пишувал колумни за „Вашингтон пост“ од каде се преземени дури 550 страници ширум светот. Објавил повеќе од 30 книги, од кои една и на смртна постела: „Премногу е рано да се каже збогум“. 2008.- Во Рејкјавик, Исланд, умрел Роберт (Боби) Фишер, еден од најдобрите светски шахисти на сите времиња. Роден бил во Чикаго, на 9 март 1943 година. ### 

Остани поврзан