• четврток, 26 март 2026

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

Скопје, 21 април 2025 (МИА) - На граничниот премин „Табановце” кон Србија и на граничниот премин „Богородица” кон Грција попладнево времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан