• четврток, 25 април 2024

На Богородица во едно деноноќие лишени од слобода четири лица поради фалсификувани исправи

На Богородица во едно деноноќие лишени од слобода четири лица поради фалсификувани исправи

Скопје, 19 март 2023 (МИА) - На 17 и 18 март од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани, еден од Турција и двајца од Албанија и еден државјанин на нашата земја, поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, на 17.03.2023 на излез од државата, А.А.(52) од Република Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана.

На 18.03.2023 при контрола на патничко возило „хјундаи санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден (18.03.2023) од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45) и Е.Д.(49), доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи. 

Странските државјани се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство. ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан