• вторник, 16 јули 2024

На Барселона и е понуден Диего Коста

На Барселона и е понуден Диего Коста
Барселона, 30 јануари 2022 (МИА) - На каталонскиот клуб му е понудено потписот на поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Диего Коста, објави „Diario Sport“. Претходно Барселона не успеа да го ангажира Алваро Мората, а клубот работи и на трансферот на Обамејанг од Арсенал. Името на Диего Коста е едно од многуте кои се на масата на спортската управа на клубот. Последниот клуб на Коста беше Атлетико Минеиро. Играчот го раскина договорот со клубот на 17 јануари и оттогаш е во статус на слободен играч. зс/

Остани поврзан