• недела, 09 март 2025

Најстудено утрово во Берово, на Попова Шапка 19 сантиметри снег, а најтопло во Крушево

Најстудено утрово во Берово, на Попова Шапка 19 сантиметри снег, а најтопло во Крушево

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Утрово во Берово е најстудено со измерени - 5 степени Целзиусови, во Крушево е најтопло со 6 степени. На Попова Шапка висината на снежната покривка е 19 сантиметри.

Во Битола се измерени -4 степени Битола, -3 Струмица, -2 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Маврови Анови, -1 степен во Тетово, Прилеп, Штип и Гевгелија, 0 степени во Охрид, Куманово, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор и Крива Паланка, 3 Попова Шапка и 4 степени во Виница.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан