• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 47 смртни случаи во налетот на снежни бури и студ во САД 

Најмалку 47 смртни случаи во налетот на снежни бури и студ во САД 

Вашингтон, 19 јануари 2023 (МИА) - Во САД досега починале најмалку 47 лица под влијание на арктичките температури, обилните снежни врнежи и мразот во некои делови од земјата. 

Повеќе смртни случаи се регистрирани во Тенеси, сојузна држава погодена од снежна бура и покривка од мраз, дел од циклонот кој стигна од северот од страната на Орегон. Во Тенеси досега починале најмалку 14 лица вклучувајќи камионџија кој излетал од патот, лице кое пропаднало од стаклен покрив додека чистело снег, и жена која премрзнала откако била најден во својот дом. 

Во Сиетл, Вашингтон, во текот на пет денови од премрзнетост починале пет лица кога неделава температурите се спуштија под нулата. Се дознава дека тројца од нив биле бездомници. Во Канзас пак во ендек порај патот било пронајдено телото на 18 годишник, недалеку од местото каде неговото возило заглавило во снегот. 

На други места како Мисисипи или Портланд, Орегон, било запрено снабдувањето со вода и електрична енергија поради паднати бандери и замрзнати водоводи.  

Во Вашингтон, округ Колумбија, покрај снегопадот во вторникот, снег паѓа и денеска. Градоначалничката Мјуриел Боусер ја продолжи вонредната состојба поради временска непогода до недела, и отвори жешка линија на која луѓето изложени на студот како бездомници или оние кои немаат греење дома се информираат за места отворени за прием како библиотеки и спортски центри каде можат да се засолнат од студот. кб/сд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан