• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 47 лица повредени во судар на два туристички автобуси во Токио

Најмалку 47 лица повредени во судар на два туристички автобуси во Токио

Токио, 5 април 2025 (МИА) - Најмалку 47 лица, претежно странски државјани, се повредени денеска во судар на два туристички автобуси на автопатот во западниот дел на Токио, соопшти полицијата.

-Никој од повредените не е во животна опасност, а судирот се случил околу 10:15 часот во близина на влезот во тунелот Коботоке на автопатот, јавија јапонските медиуми.

Автобусите претходно тргнаа од железничката станица во Токио и патуваа до езерото Кавагучи во соседната префектура Јаманаши.

Според полицијата, автобусите кои биле под управа на истата компанија, поради гужвата постојано забрзувале и намалувале на патот, а несреќата се случила кога возачот на последниот автобус не забележал дека првиот автобус закочил. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан