• вторник, 30 април 2024

Најмалку 35 загинати поради ненадејни снежни врнежи и обилни дождови во Пакистан

Најмалку 35 загинати поради ненадејни снежни врнежи и обилни дождови во Пакистан

Исламабад, 5 март 2024 (МИА) - Најмалку 35 лица загинаа, а десетици други беа повредени откако замрзнат дожд и неочекувани снежни врнежи го погодија Пакистан во текот на викендот.

Дваесет и две деца се меѓу загинатите, од кои многумина загинаа затрупани поради одрони, соопштија властите за управување со катастрофи.

Екстремните временски услови ги погодија северните и западните региони на Пакистан, блокирани се патишта и оштетени се стотици куќи.

Струјата е целосно исклучена во некои квартови веќе неколку дена.

Муштак Али Шах, поранешен директор на метеоролошкиот оддел во земјата, ги припиша необичните услови на климатските промени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан