• петок, 05 декември 2025

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија во фабрика за петарди во Индија

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија во фабрика за петарди во Индија

Њу Делхи, 1 април 2025 (МИА) – Најмалку 18 лица загинаа во експлозија во фабрика за петарди што денеска се случи во индустриска зона во областа Банасканта во индиската сојузна држава Гуџарат.

- Осумнаесет лица загинаа во инцидентот, а пет беа повредени откако ѕидот на зградата се урна по огромна експлозија, изјави началникот на полицијата Акшајрај Маквана, според Хиндустан Тајмс.

Повеќето од жртвите биле работници од државата Мадја Прадеш и членови на нивните семејства. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан