• четврток, 16 мај 2024

Најмалку 16 луѓе загинаа во пожар во Бангладеш

Најмалку 16 луѓе загинаа во пожар во Бангладеш
Дака, 5 јуни 2022 (МИА) – Во голем пожар што синоќа избувна во магацин за контејнери во југоисточниот дел на Бангладеш загинаа најмалку 16 луѓе, а повеќе од 150 се повредени. Пожарот се случи во контејнерски објект во Ситакунди, на 40 километри од пристанишниот град Читагонг, предизвикувајќи големи експлозии, што ги оштетија куќите во близина. Се уште е непозната причината за пожарот. ми/

Остани поврзан