Најмалку 13 цивили загинаа во терористички напад во северниот дел на Мали
- Најмалку 13 цивили се убиени денеска во северниот дел на Мали, а напаѓачите најверојатно се џихадисти од Исламска држава, изјавија неименувани претставници на Мали
Бамако, 28 јуни 2023 (МИА) – Најмалку 13 цивили се убиени денеска во северниот дел на Мали, а напаѓачите најверојатно се џихадисти од Исламска држава, изјавија неименувани претставници на Мали.
Тие наведоа и дека во нападот повредени се десет лица, а стотици луѓе ги напуштиле селата во близина на градот Габеро во регионот Гао.
Армијата на Мали не била присутна на местото на нападот.
Според друг неименуван локален претставник бројот на загинати е уште поголем односно загинале 17 луѓе. ми/
фото: МИА архива