• петок, 05 декември 2025

Најмалку 13 лица го загубија животот во лизгање на земјиште во западна Кенија

Најмалку 13 лица го загубија животот во лизгање на земјиште во западна Кенија

Најроби, 1 ноември 2025 (МИА) - Најмалку 13 лица го загубија животот денеска во лизгање на земјиште во западна Кенија, предизвикано од поројните дождови, соопшти локалната полиција.

„Деветнаесет лица се спасени, а непознат број сè уште се водат како исчезнати“, изјави командантот на полицијата во округот Елгејо-Мараквет, Питер Мулинге.

Кенискиот министер за внатрешни работи Кипчумба Муркомен изјави дека се распоредени воени и полициски хеликоптери за да помогнат во спасувачките акции. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан