• петок, 10 мај 2024

Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела

Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела

Каракас, 10 декември 2023 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти.

Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил.

Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан