Најмалку 12 лица повредени во напад на Суми
- Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека руските сили во текот на ноќта извршиле воздушен напад врз Суми, при што биле повредени 12 лица, вклучувајќи и едно дете.
Киев, 22 јули 2025 (МИА) – Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека руските сили во текот на ноќта извршиле воздушен напад врз Суми, при што биле повредени 12 лица, вклучувајќи и едно дете.
- Руската војска доцна навечер изврши напад со наведувани авионски бомби врз Суми, а меѓу повредените е и едно дете. Вкупно 12 граѓани побараа медицинска помош, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.
Во нападот биле оштетени пет станбени згради, 18 автомобили и еден трговски центар.
Спасувачките служби на лице место ги евакуирале жителите на оштетените куќи, спасиле двајца граѓани, изгаснале пожари и го прегледале подрачјето, соопшти Државната служба за вонредни состојби. јт/
Фото: МИА архива