• недела, 22 декември 2024

Најмалку четири лица се повредени во силната експлозија и пожар во фабрика во Тарагона (ДПЛ)

Најмалку четири лица се повредени во силната експлозија и пожар во фабрика во Тарагона (ДПЛ)
Мадрид, 14 јануари 2020 (МИА) - Во фабрика во индустриската зона во Тарагона, Шпанија, денеска се случи експлозија што предизвика пожар. Во несреќата повредени се најмалку четворица, соопшти каталонската Агенција за цивилна одбрана. Се претпоставува дека причина за експлозијата е хемиски акцидент. Граѓаните се предупредени да го избегнуваат местото на експлозијата, да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите. Тарагона се наоѓа на 115 километри југозападно од Барселона. ми/

Остани поврзан