• петок, 22 ноември 2024

Најмалку четири лица загинаа во Виетнам по ударот на тајфунот „Јаги“

Најмалку четири лица загинаа во Виетнам по ударот на тајфунот „Јаги“

Ханој, 7 септември 2024 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа во Виетнам откако најсилната бура во Азија оваа година ја погоди северната дел на земјата, по минувањето низ кинескиот остров Хаинан и Филипините, соопшти виетнамската национална метеоролошка служба.

Тајфунот „Јаги“ ги погоди островските области на северен Виетнам околу 13:00 часот по локално време, предизвикувајќи ветрови со брзина до 160 километри на час блиску до центарот на бурата, откако малку ја загуби својата сила од максималните 234 километри на час постигнати на островот Хаинан ден претходно.

Виетнамската влада соопшти дека до 17:00 часот по локално време, бројот на загинати од тајфунот досега е најмалку четири лица, а 78 лица се повредени. Најмалку уште десетина лица се водат како исчезнати во морето, според виетнамските државни медиуми.

„Јаги“ веќе одзеде најмалку два животи на кинескиот остров Хаинан и 16 животи на Филипините, првата земја која ја погоди по формирањето на исток од архипелагот порано во неделата. Со тоа, вкупниот број на загинати во оваа област од тајфунот сега изнесува најмалку 22 лица. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан