• петок, 13 февруари 2026

Најмалку тројца загинати во пожар во хостел во Будимпешта 

Најмалку тројца загинати во пожар во хостел во Будимпешта 

Будимпешта, 13 февруари 2026 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога пожар избувна во хостел во предградие на главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Пожарот избувна утрово во двокатна зграда. Огнот набргу беше изгаснат, но предизвика уривање покрив.

Пожарникарите извлекоа неколку преживеани луѓе под урнатините. Телата на двајца мажи и една жена беа пронајдени под урнатиот покрив на зградата.

Медицинските екипи им укажаа помош на 22 повредени лица, кои се пренесени во осум болници во Будимпешта за понатамошно лекување. Четворица од повредените се во тешка здравствена состојба. ми/

фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан