• четврток, 29 февруари 2024

Најмалку седум лица загинаа во два израелски напади врз јужниот дел на Либан

Најмалку седум лица загинаа во два израелски напади врз јужниот дел на Либан

Бејрут, 21 ноември 2023 (МИА) – Седум луѓе, меѓу кои и новинари и припадници на Хамас загинаа во денешните два израелски напада во јужниот дел на Либан.

Бејрутската телевизија Ал-Мајадин објави дека при бомбардирањето во градот Таир Харфа загина репортерот Фарах Омар и снимателот Табих Мамари и еден цивил.

При нападот со дронови врз селото Чатије загинаа четворица членови на военото крило на Хамас, Бригадите Касам.

Израелската армија сè уште не ги коментираше наводите за нападите. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан