• среда, 15 мај 2024

Најмалку петмина загинати при пожар во фабрика во Бангладеш

Најмалку петмина загинати при пожар во фабрика во Бангладеш
Дака, 5 ноемвреи 2021 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа откако избувна пожар во фабрика за производство на чевли, лоцирана во густо населениот стар дел на главниот град на Бангладеш, Дака. Пожарникарите спасиле седум работници од пожарот. На осум противпожарни возила им биле потребни повеќе од два часа за да го изгаснат огнот. Се уште е непозната причината за пожарот. Смртните случаи во пожари во фабрики се вообичаени во Бангладеш поради слабото спроведување на законот и лошата безбедност на работното место. Во јули, во разорниот пожар во фабрика за преработка на храна во близина на Дака загинаа најмалку 52 работници. ми/

Остани поврзан