• петок, 22 ноември 2024

Дарманин: Стотици, вклучително и полицајци повредени во немири во Нова Каледонија

Дарманин: Стотици, вклучително и полицајци повредени во немири во Нова Каледонија

Париз, 15 мај 2024 (МИА) - Стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми се повредени во немирите во Нова Каледонија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Дарманин рече дека властите допрва треба да ги утврдат „околностите“ што доведоа до застрелување на едно лице во текот на ноќта . Тој додаде дека десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите поврзани со гневот поради уставните реформи.

-Повеќе од 130 лица се приведени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопштија денеска француските власти.

Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан