• петок, 22 ноември 2024

Најмалку осум лица загинаа во снежните бури во Монголија

Најмалку осум лица загинаа во снежните бури во Монголија

Улан Батор, 6 ноември 2023 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа во снежните бури во Монголија од петокот, објавија британските медиуми, повикувајќи се на властите.

Тешките временски услови зафатија неколку провинции, а спасувачките екипи трагаат по вкупно 46 лица. Најлоша е ситуацијата во Централна Монголија, каде снежната покривка достигнува дебелина од 34 сантиметри.

Невремето се очекува да продолжи оваа недела во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Улан Батор.

Властите ги повикуваат луѓето кои работат на отворено да преземат дополнителни безбедносни мерки. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан