• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку едно лице загина при експлозија во рафинерија во Романија

Најмалку едно лице загина при експлозија во рафинерија во Романија
Букурешт, 2 јули 2021 (МИА) - Едно лице загина, а шестмина се повредени при експлозијата во рафинеријата Петромидија, во градот Новодари, југоисточна Романија. Осум противпожарни возила, две амбулантнии возила и мобилен тим за интензивна нега се испратени во рафинеријата Петромидија. Компанијата КМГИ, која е сопственик на рафинеријата, соопшти дека пожарот започнал од фабрика за дизел. Министерот за животна средина Танжос Барна изјави дека сè уште постои опасност од експлозии во Петромидија и дека инцидентот ќе има големо влијание врз животната средина. Тој додаде дека пристапот до областа е ограничен. ми/  

Остани поврзан